Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Започнаа обуки за спречување, заштита и поддршка на жртви од родово и семејно насилство

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Фондот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Фондот за население на Обединетите нации и Хелсиншкиот комитет за човекови права, со финансиска поддршка на Британската амбасада во Скопје, ја одржа првата еднодневна обука наменета за членовите од мултисекторските тимови составени од стручни лица од центрите за социјални работи, полициските службеници, здравствени рaботници и граѓански организации.

Првата обука од вкупно планираните пет, вчера се одржа во Штип, а останатите четири ќе се организираат во Скопје (17.06.), Битола(20.06.), Куманово(23.06.) и Тетово (24.06.)

Обуките имаат за цел зајакнување на знаењата и практичните вештини на членовите на мултисекторските тимови кои работат на спречување, заштита и поддршка на жените жртвите на родово базирано и семејно насилство. Обуката опфаќа теоретски презентации, дискусии, практични вежби и симулации, преку кои учесниците ќе ги зајакнат своите знаења за координирано постапување, комуникација и ефективна поддршка на жртвите.

Реклама

Посебен фокус е ставен на практичната примена на Протоколот за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство.