Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Македонија

Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на АеродромДејан Митески денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на АеродромДејан Митески денеска беше поставен камен – темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во скопската општина Аеродром. На настанот во фокус беше втората фаза од доградба на нови простории во ова основно училиште, чија вредност изнесува околу 253 милиони денари, а рокот за изведба е 18 месеци.

Доградбата опфаќала и 10 нови училници, библиотека, просторија за заеднички активности, партерно уредување на целиот двор на училиштето со нова урбана опрема, ново отворено спортско игралиште, садници и зеленило. Потоа, нова опрема за училиштето – клупи, столчиња, плакари, табли и слично. Предвиден бил и нов паркинг за потребите на училиштето.

Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиуми рече дека како Влада ќе направат се за да обезбедат услови што ќе бидат достојни за следење настава и стекнување знаење. 

Реклама

-Јас сум убеден дека ваков тип проекти ќе продолжиме да реализираме  и во годините што следат онаму каде што е потребно, бидејќи децата се најважната работа. Убеден сум дека како ќе минуваат годините ваков тип на проекти ќе бидат потребни поради новите политики на оваа Влада, а тоа е семејната политика сето она коешто претставува семејна вредност, посочи премиерот Мицкоски.

Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески рече дека станува збор за значаен капитален проект. 

-Ова е еден значаен проект што ќе овозможи најмодерни и најсовремени услови за учениците во овој дел на општина Аеродром, подвлече градоначалникот.

Ученици од новинарска секција им поставуваа прашања на премиерот и градоначалникот.

Присутен на денешниот настан беше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и поранешен градоначланик на општина Аеродром Тимчо Муцунски.