Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Започна доделувањето на ваучерите за инвентер клими

Повеќе од 6 илјади граѓани, кои беа избрани по однапред определени критериуми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 6 илјади граѓани, кои беа избрани по однапред определени критериуми, денеска побрзаа да ги поддигнат ваучерите за инвертер клими на околу 30 локации низ државава. Рокот за подигнување е до крајот на ноември. Граѓаните кои нема да ги поддигнат од специјализираните пунктови ќе имаат можност тоа да го направат во министерството за енергетика. Ресорната министерка вели дека со оваа мерка ќе се зголеми енергетската ефиканост на домаќинствата, граѓаните ќе заштедат, а со греењето на клима ќе се намали и потрошувачката на електрична енергија, но и аеро загадувањето.

“Ќе се поделат 155 милиони денари, со тоа што имаме седум категории и две програми. Едната програма е енергетска ефикасност, додека другата е за ранливи категории. Со цел да им овозможиме да биде подобро тоа распределено, денеска на 30 места низ државава ќе бидат доделени ваучерите, во Скопје во салата Борис Трајковски, во Битола во Боро Чурлевски, а во останатите места ќе биде во соработка со агенцијата за вработување” изјави министерката за енергетика Сања Божиновска.

Граѓаните задоволни од мерката на владата, но реагираат на гужвите кои се створија денеска пред специјализираните пунктови. Некои од нив велат дека најдобра опција било ваучерите да им бидат пратени по пошта, наместо да чекаат најмалку еден час за да ги подигнат. Министерката Божиновска вели дека, го разбира револтот на граѓаните, но тврди дека пратките по пошта само ќе ја загалават работата и ќе ја отежнат постапката. Промените во порцедурите за ваучерите за инвертер клими е промент од предходните години, заради поголема транспарентност во целата постапка. 

“Бидејќи треба да го потпишат и договорот процесот со пошта е малку подолг бидејќи треба да се вратат тие договори назад. Ние како министерство сметавме дека е ова по корисно и ефикасно. Граѓаните имаат време до крајот на месецот да ги поддигнат ваучерите, не мора веднаш тоа да го сторат, во министерството ќе имаме повеќе луѓе и ќе им се олесни процесот”

Реклама

Инаку, преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата ваучери добија различни категории на граѓани. Вредноста е од 23.000 до 30.000 денари во зависност од категоријата и критериумите со кои се доделени.

Даниел Ѓорѓевски