Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Заокружени кадровските промени во основното образование во Општина Маврово и Ростуше

Со назначувањето на нов директор на Општинското основно училиште „Денче Дејаноски“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со назначувањето на нов директор на Општинското основно училиште „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови, заокружени се кадровските промени во четирите деветолетки во Општина Маврово и Ростуше. 
 
-Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски донесе решение со кое за вршител на должност  директор на ООУ „Денче Дејаноски“ во Маврови Анови ја наименувана, Виолета Анастасоска, професор по одделенска настава, информираа од Општината. 
 
При врачувањето на решението, градоначалникот истакнал дека изборот на докажан просветен работник е гаранција за континуитет и посветеност во работата.   
 
-На новата директорка ѝ посака успех во извршувањето на одговорната функција, многу плодна работа, како и внесување на нови иновации кои ќе значат уште поголем квалитет во образовниот процес за учениците од овој крај, додаваат од Општината  
 
Нагласуваат дека Општина Маврово и Ростуше продолжува да биде силен поддржувач на образовните институции, со цел обезбедување современи услови за раст и развој на секое дете. 
 
Деновиве нов директор доби најголемата деветолетка во општината  „Хајан Селмани“ во село Ростуше каде на оваа функција е наименуван, Емир Мирто, професор по одделенска настава, со долгогодишно искуство во воспитно-образовниот процес.  
 
Претходно Мевмед Абдиу беше наименуван за нов директор на училиштето “Блаже Конески” во Скудриње, додека Насер Ејупи на училиштето “Јосип Броз Тито” во Жировница и двајцата познати педагози.