Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Законските измени за полиција и внатрешни работи го поминаа првиот собраниски филтер

Поефикасна работа и поголеми надлежности и ингеренции. Полицијата во македонската метропола ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поефикасна работа и поголеми надлежности и ингеренции. Полицијата во македонската метропола ќе стане уште поефикасна во делувањето. Законските измени кои се во собраниска процедура носдат бројни промени со цел подобра организација, ефикасност и оптималност во користењето на човечките и материјалните ресурси во рамки на МВР.

Двата предлог закони за ова го поминаа првиот филтер на Комисијата за одбрана и безбедност. Со новите законски решенија, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе се трансформира во посебен Оддел за внатрешни работи – Скопје. Целта, според предлагачите, е појасно да се разграничат надлежностите меѓу организациските единици во МВР и прецизно да се утврди местото на секторите и на Одделот за внатрешни работи – Скопје.

Опозицијата која поднесе 12 амандмани критикува за ризик од политизација и недостаток од стручна анлиза. Проблем според нив е што законските измени се по предлог на пратеници, а не на МВР: 

Реклама

„Основна проблематика според мене се базира отсуство на иницијатива од страна на МВР. Зошто? Предлог законот е поднесен од група на пратеници, а не од Министерството за внатрешни работи, како надлежен орган за оваа проблематика, ова укажува дека МВР според мене, не ја препознава потребата од оваа промена. Стручните лица кои секојдневно работат на оваа проблематика во МВР, со полициските операции не го поддржуваат предлогот и не постои консензус во безбедносните структури за оправданоста на промената“, изјави Сали Мурати-Коалиција Европски фронт,  

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки, му реплицираше дека е вообичаено законите да бидат поднесени од пратеници, реагирајќи на забелешката на Мурати дека нема иницијатива од надлежното министерство, односно од МВР.

„Предлог законот е поднесен од група пратеници, а не од МВР. Па вака вие ни го оспорувате на нас правото да поднесуваме предлог измени, закони, амандмани и така натаму. По таа логика се поставува прашањето како вие сте ги поднеле вие амандманите. Не можете тоа да ни го доведете во прашање. Сте биле претседател на Уставен суд знаете како одат овие работи. Правник сте. Министерството за внатрешни работи не ја препознало потребата од оваа промена. Стручните лица кои секојдневно работат со полициските операции не го поддржувале предлогот. Од кај го знаете ова паушално е“, изјави- Драган Ковачки-ВМРО-ДПМНЕ.

Со законските измени, се воведува и нова функција – началник на Одделот, кој ќе раководи со работата и ќе ја координира полицијата на територијата на главниот град. Раководната позиција добива повисок статус во рамките на полициската структура, а се прави и терминолошко усогласување кај криминалистичко-техничките работи.. Решението се темели на претходната практика, каде раководителот на СВР имал повисок ранг, но и на фактот што Скопје има посебна територијална поставеност во однос на другите градови во државата.