Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Законот за високото образование в понеделник со сите прифатени забелешки повторно на ЕНЕР, потоа во владина процедура

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) со сите забелешки што се прифатени за време на јавните дебати или доставени по електронски пат и по неколку дена ќе биде проследен во владина процедура. 

Предлог-законот за високо образование од крајот на јануари беше еден месец на ЕНЕР заедно со предлозите за закон за квалитет на високото образование и за научноистражувачка дејност, а МОН дополнително креира и посебни е-адреси за сугестии и забелешки.

Во текот на февруари беа организирани и јавни дебати со јавните и со приватните универзитерти за да се слушнат мислењата на професорите, а министерката Весна Јаневска во повеќе наврати истакна дека сите издржани и аргументирани забелешки ќе бидат вградени во конечниот текст на предлог-законот. 

Реклама

– В понеделник повторно ќе биде поставен на ЕНЕР, два-три дена, за да се видат измените што се направени и веднаш потоа ќе оди во владина процедура. Многу забелешки прифативме, сè што сметавме дека е конструктивно, некаде каде што сме направиле некој пропуст, без одглед дали е номотехнички или малку посуштински. Законот е работен долго време, консултирани се многу експерти и многу други закони. Сметам дека финалната верзија ги почитува европските барања за подобрување на квалитетот во високото образование – истакна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на регионалната конференција за високо образование, која денеска и утре се одржува во Скопје под покровителство на МОН.

Меѓу забелешките што се прифатени и ќе станат дел од законот таа денеска ги спомна – еден труд помалку како критериум за магистериум и за докторат, објавување трудови во базата Scopus за хуманистичките и општествените науки, намален процентот на банкарската гаранција за приватните универзитети, нови критериуми за изведување трет циклус студии според барањата од универзитетите итн.