Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Законот за јавно обвинителство како дел од реформската агенда прв ќе се најде пред пратениците

Законот за јавно обвинителство како дел од реформската агенда прв ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за јавно обвинителство како дел од реформската агенда прв ќе се најде пред пратениците за дебата. Новото законско решение предвидува избор на нов републички обвинител со јасно дефинирани критериуми и механизми кои обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет, стои во предлог законот. Обвинителите ќе мора да одлучуваат за дисциплиска одговорност во прецизни и обврзувачки рокови, што би требало да воспостави појасна одговорност кај обвинителското функционирање.

 Од Владата велат дека овој закон е еден од клучните чекори во спроведувањето на реформската агенда од областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеењето на правото.

  • „Донесувањето на овој Закон претставува значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес. Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики. Владата веќе го достави Законот до Собранието и очекуваме негово разгледување и усвојување во рамки на Собранието“ велат од Владата.

Спикерот Африм Гаши најави дека првите закони ги очекуваат деновиве, а и агенда по која ќе се планираат расправите во законодавниот дом.

Реклама

Крајот на декември лани беше изгласан новиот закон за Судскиот совет, каде исто така се поставени јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот. 

Крајот на јануари беа коригирани скандалозните измени во Кривичниот законик од 2023-тата година. Во меѓувреме од Министерството за правда се очекува и новиот Кривичен законик.

 Владата на некоја од следните седници ќе се одлучи и за еден од кандидатите за нов државен јавен обвинител. Советот даде позитивно мислење за четворица, обвинителките Анита Тополова Исајловска, Лидија Раичевиќ и Ленче Ристовска, како и за судијата од Кривичен, Ненад Савевски. Кандидатурата на екс судијата Владимир Панчевски не беше оценета бидејќи членовите на Советот сметаат дека тој не ги исполнува законските услови.