Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Прилози

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува – премиерот Мицкоски со јасна порака за прекинатиот настап на Аца Лукас

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува – премиерот Мицкоски со дециден став откако викендов менаџерскиот тим на српскиот пејач Аца Лукас ја обвини власта за прекинатиот концерт и информативниот разговор на српскиот пејач во полициска станица. Мицкоски вели дека воопшто не знаел дека такво нешто се случувало и нагласи дека немало потреба да им се дава внимание на ваквите случувања. Сепак, нагласува дека власта ќе биде многу внимателна и ќе ги следи сите случувања од ваков тип.

„Јас и не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат, пред неколку дена мислам тоа беше. Претпоставувам дека некој таму сака да создаде естрада која таму е присутна, да ја пренесе овде. Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува и многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“ вели Христијан Мицкоски, премиер

Српскиот пејач беше повикан во полициска станица во петокот вечерта среде неговиот настап во кафе Рома во Кавадарци каде настапувал без дозвола. МВР предупреди дека во кафе барот не се издавале фискални сметки, не се почитувал законот за забрана на пушење, а имало и драматично поголем број гости од законски дозволеното.

Реклама

Во кафулето најмногу можело да има 200 луѓе, а присутни биле 700 – налик, на истото сценарио како во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од Кафе Рома тврдат дека се било според законот и немало прекршувања.

Инаку општината не дала дозвола за поставување маси и реквизити на тротоарот пред кафе барот. Градоначалникот Митко Јанчев уште вечерта соопшти дека настапот на српскиот пејач бил прекинат поради сериозни прекршувања на безбедносните прописи.

Овој настан само ја потврдува решеноста на власта за справување со сериозните индиции  за криминал во угостителскиот сектор, особено со организирањето на настани на естрадни уметници на диво без соодветни дозволи. Ова е и очекувано по големата трагедија во Кочани, каде во дискотеката „Пулс“ загинаа 63-ца млади луѓе, а над 200 беа повредени.

Давид Крстевски