Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Закон за рестрикции: Брука за Македонија, ќе станеме тема на потсмев и зафрканции кај странците

Потсмев, брука и тема на зафрканции ќе стане Македонија кај странците, ако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потсмев, брука и тема на зафрканции ќе стане Македонија кај странците, ако помине ваков предлог закон за рестрикции, со кој централната власт, без правосилна судска пресуда ќе може да одлучува, кој може да биде функционер, кој да смее до државните тендери, чиј имот да биде конфинскуван, сметаат најголем број од експертите и правниците. Професорот од правниот факултет Јустинијан Први, Гордан Калајџиев за Алфа вели дека текст за вакви законски промени би морал да биде испратен до Венецијанската Комисија, но со ваква содржина би служел само за обична шега со државата.

-Вакви потези, порано имаше многу вицови за мали Џокица, кога сакаме практично да изразиме практично став за некои незрели работи, како на мали Џокица му изгледа да се бори со корупција, така изгледа и на нашиве власти, многу наивно морам да признаам. Нормално би требало еден ваков закон, особено ако е контроверзен, да се прати на Венецијанска Комисија, меѓутоа овој подобро да не го праќаме на Венецијанска комисија, бидејќи со нас ќе се зафркаваат, изјави Калајџиев.

Со ваков текст според него се прекшуваат низа човекови права, па ќе биде и причина Македонија да губи голем број спорови пред меѓународните судови. Калајџиев верува дека сепак власта ќе спреми променет текст, бидејќи ни под разно не смее да помине во Собранието. Се сомнева и дека воопшто ќе се изгласа законот, туку само се користи во предизборниот фолклор.

Реклама

-Се пенетрира, се навлегува во човековите права, врзано со приватната сопственост, политичките права со изборот, па и во кривичните постапки, што е непримеерено и е спротивно на нашите меѓународни обврски, особено во врска со европската конвенција за човекови права. Врзано со фер судење, презумција на невиност од член 6 и правото на мирно уживање на сопственоста од протокол 1 на конвенцијата, изјави Калајџиев.

На сличен став е и Костадин Богданов, кој како адвокат на Спиро Ристовски, доби спор против државата во Стразбур. Според него покрај правото на сопственост и извршување на функција, со ваков закон би се довело во прашање и правото на одбрана во евентуален судски процес.

-Има ситуација споменавме правни услуги, лице кое е под санкции, ќе треба нели да води борба со јавно обвинителство, да се докажува пред судови, сега тоа не може да склопи договор за правни услуги, бидејќи ќе нема можност за адвокат, ќе нема можност за не знам какви други есенцијални услуги кои што немаат врска со ретстриктивноста, изјави Богданов.

Инаку, контра овој предлог закон тргнаа и дел од владините институции. Министерството за правда уште во декември посочило оти ваквите измени не се во согласност со Уставот и казненото право и ги повредува уставните одредби . Министерството останало воздржано и преупредило оти е неопходно за обвинетиот да се докаже вина, а не без доказ да се спроведат рестриктивни санции.

Матеја Петровски