Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Зајакнување на меѓународната соработка на Уставниот суд – средби со амбасадорите на Австрија и Италија

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска оствари средби со амбасадорите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски денеска оствари средби со амбасадорите на Република Австрија, Мартин Памер, и на Република Италија, Паоло Палминтери, во рамки на интензивираната меѓународна агенда и зголемената динамика во меѓународните активности на Судот.

На средбите, како што соопштија од Уставниот суд, биле разменети мислења и идеи за зајакнување на соработката меѓу Уставниот суд на Македонија и уставните судови на Република Австрија и Италија, која наредниот период треба да се реализира. 

 Костадиновски ги информирал амбасадорите за тековните предизвици со кои се соочува Судот и, по интерес на соговорниците, ги запозна со планираните активности во наредниот период, вклучувајќи постапување по предмети од висок јавен интерес, зајакнување на уставниот поредок, заштита на принципот на поделба на власта и унапредување на владеењето на правото.

Реклама

Претседателот на Уставниот суд Костадиновски изразил искрена благодарност за континуираната поддршка на амбасадорот Памер во унапредувањето на соработката меѓу двата уставни суда, која во наредниот период ќе биде зајакната преку официјалната билатерална посета на претседателот на Уставниот суд на Австрија, Кристоф Грабенвартнер, неговото учество како главен гостин на Балканскиот форум на уставните судови којшто ќе се одржи следната година, како и организирањето на специјализирана обука за професионално усовршување на стручната служба на Уставниот суд на Македонија преку студиски престој во Уставниот суд на Австрија.