Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Загрижувачки тренд – околу 7.000 научници си заминале од Македонија во последниве неколку години

Охриѓанката Александра Ивановска е само една од илјадниците научници кои ја напуштија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охриѓанката Александра Ивановска е само една од илјадниците научници кои ја напуштија Македонија и градат завидни кариери на институти и универзитети низ светот. По завршување на мастер студиите на Технолошко-металушкиот факултет во Скопје, таа докторира на белградскиот универзитет, а годинава беше прогласена за втор најзначаен научник во Србија. Таа вели дека е горда на својот успех, а уште повеќе затоа што е македонка. Ја прашавме зошто одлучи да замине од нашата земја?

 “Кога отидов во Србија колегите беа зачудени зошто ја напауштив оваа прекрасна земја, посебно градот Охрид и се одлучив да живеам во Србија и многу малку од нив имаа информции каква е ситуацијата со науката во Македонија. За жал во Македонија на факултетите не постојат научно истражувачки звања, нема луѓе кои се запосленивработени во научно истражувачки звања. Тие се вработени само како професори, доценти и асистенти и тоа е една од главните причини зошто не може доволно и добро да се развива науката во Македонија”-вели Александра Ивановска, доктор на науки  

Само во поседниве неколки години од земјава заминале повеќе од 7.000 научници, што е поразително. Македонските универзитети ги нема на Шангајската листа но ако е за утеха, единствениот наш рангиран универзитет, државниот УКИМ се најде на опашката на најдобрите кои го објави Центарот за рангирање на светски универзитети. Од 2.000 универзитети УКИМ е рангиран на 1.990-то место, за разлика на пример од белградскиот ко се најде на 376-то место.

Реклама

Меѓутоа мислам дека главниот проблем е тоа што државата не води доволна грижа за солидните, односно за одличните студенти и не им нуди вработување веднаш по завршувањето на студиите. Исто така една од главните причини претставува и лошата финасиската состојба во Македонија и тоа мислам дека е и една од главните причини зошто имаме одлив на мозоци од нашата земја”-вели Ивановска

За илустарција,во 2022-ра Македонија одвоила за истражување и инивации 0,15 % од бруто домашниот производ, а соседна Србија 0,97 %  што е за околу 6,5 пати повеќе. Развиените европски земји за оваа намена издвојуваат околу 3 %. Во Македонија би се вратила да работам како доктор на науки само доколку државата одвои финасии за да се оформат институти или научно истражувачки центри во кои ќе се вработат одлични научници кои сега работат во светот, а верувам би дошле дома да ја развиваат науката под плаштот на златно жолтото сонце на македонското знаме-вели Ивановска. Во нашата Македонија завршуваат студенти со огромен капацитет кои не се финансиски моќни да се надградуваат ако нема поддршка од државата и тоа мора да се промени, вели нашата соговорничка.

Росица Голабоска