Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Загадениот воздух во затворени простории е закана за здравјето, потребна е итна реакција

Воздухот во Македонија е за два пати позагаден од препораките на СЗО…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Воздухот во Македонија е за два пати позагаден од препораките на СЗО – алармира професорот Дејан Мираковски. Тој вели дека децата се во најголем ризик затоа што  загадениот воздух најмногу кружи во училиштата и градинките. Истражувањето на Mираковски и тим од професори, покажало дека амбиенталниот воздух во затворени простории, е позагаден отколку надворешниот во топлите месеци, додека во зимските нема разлика. Мираковски апелира – наделжните итно да преземат мерки за да се намалат високите ПМ10 честички како надвор, така и во затворените простории.

“Ние дишеме загаден воздух и внатре и надвор . Внатрешниот воздух е поголем проблем за нас бидејќи 80-90 отсто од времето минуваме дома, а не надвор. Но, внатре можеме да влијаеме, има повеќе решенија од современи системи за вентилација до едноставни системи со филтрација на воздухот кои ќе ја намалат концентрацијата на суспендирани честички во реални услови до 80 отсто.” – вели проф. Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Надлежните, тврдат дека има план и пари за да се подобри квалитетот на воздухот во училиштата и градинките. Според заменик министерот за социјала, здравјето на децата е приоритет на државата.

Реклама

“Ние секако одбвојуваме средства како министерство за сите материјални трошоци што се потребни на градинките како блок-дотации коишто ги спуштаме на локално ниво во самите правни субјекти и со тие средства можат да набавуваат самите прочистивачи за воздух, онаму кадешто е алармантно. Има можност и преку самите општини тоа да се направи, но како министерство ќе ја разгледаме можноста да можеме најдиректно на решавање на ова прашање” – изјави Велковски.

Според амбасадорката на Шведска, која помогнала да се спроведе истражувањето, наодите ќе помогнат во справување со проблемот.

“Сметаме дека секој чекор на овој пат го гради движечкиот моментум кон постигнување на промени. Благодарни сме на општините Кавадарци, Струмица, Гостивар, Куманово и Струга за кофинансирање на овие планирани инвестиции со вкупна сума од речиси еден милион евра” – изјави амбасадорката на Шведска.

И денеска Скопје е на пиедесталот во аерозагадување. Веднаш по Сараево, Будимпешта и Белград, главниот град се најде меѓу најзагадените градови во Европа.

Она што загрижува е и статистиката дека во земјава годишно од загаден воздух умираат околу 3.400 луѓе, што претставува 17-19% од вкупната смртност. Главни извори на загадување се загревањето на домаќинствата и јавните објекти и сообраќајот.СЗО предупредува дека голем број луѓе на Балканот и Источна Европа дишат воздух што значително го надминува нивото на загадување.