Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Заев оптимист за двотретинско мнозинство, Мицкоски не сака лидерска по секоја цена за јавното обвинителство

  Заев е оптимист за законот за јавно обвинителство Мицкоски вели дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 

Заев е оптимист за законот за јавно обвинителство Мицкоски вели дека власта си прави терен за по 12 Април кога ќе замине во опозиција. Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со различни ставови околу можно позитивно решение за еден од клучните закони за европерспективата на земјата. Ќе го чекаат исходот од разговорите на работните групи. Од тоа ќе зависи дали ќе има лидерска средба.Заев очекува двотретинско мнозинство во собранието.

“Тоа е комплексен закон што и е потребен на земјата во европските интеграции. Тука сум на располагање да разговарам со сите за да изнајдемем решение. Сега сме растеретени затоа што предметите од СЈО се обезбедени, се во судска постапка под контрола на државниот јавен обвинител. Вака растеретени можеме во Парламентот да договориме структурно, суштинско решение за јавното обвнителство што би било поддржано од сите. Навистина верувам дека ќе изнедри двотретинско мнозинство заради обврската, одговорноста што ја имаме пред народот и државата”, изјави Заев.

Реклама

Мицкоски пак не сака да учествува на лидерски средби по секоја цена.Вели дека ако власта сака да разговара треба да изготви реформски закон.

“Ова што е предложено од СДСМ е закон што треба во иднина да ги штити криминалните структури на СДСМ што после 12 април ќе заминат во опозиција. Така што ако треба да се одржи средба само ради реда, немам намера да го губам времето. Тука се работните групи, во неделата што следи претпоставувам дека ќе имаат состанок и доколку ги приближат ставовите тогаш можеме да зборуваме за одржување лидерска средба”, изјави Мицкоски.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски ги повика политичките партии да бидат на висина на задачата.

“Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија”, изјави Спасовски.

Собранието треба да се распушти на 12 Февруари, а ова е четврти обид на власта и опозицијата да најдат заеднички јазик за законот за јавно обвинителство. ВМРО-ДПМНЕ во последниот предлог на СДСМ гледа опасност и од вдомување на соработниците на Јанева во обвинителството на Рускоска за која велат дека функционира како нејзина замена.

Градимир Марковски