Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Заев и Филипче сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“?!

Политички притисок или бизнис интереси?! Поранешниот премиер Зоран Заев и екс-министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политички притисок или бизнис интереси?! Поранешниот премиер Зоран Заев и екс-министерот за здравство Венко Филипче, актуелен лидер на СДСМ,  во периодот на ковид-пандемијата, барале начин како да дојдат до сопствеништвото на приватната болница Жан Митрев. Ова го тврди познатиот кардиохгирург и сопственик на болницата , во емисијата на Алфа „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“.

Според изнесеното во телевизиското гостување, тоа се случувало во екот на судската хајка против Жан Митрев, обвинет за наводни измами на пациенти при лекување пациенти заболени од корона.

„Значи потврдувате дека имало заинтересираност од Зоран Заев и Венко Филипче да најдат пат до сопствеништво на вашата калиника“, прашува водителот Богдан Илиевски. „Видете ова требаше други да ме прашаат“, одговори Жан Митрев. „Никој не ве прашал досега“, прашува Илиевски. „Не“, одговори Митрев. „Ја имам честа за жал, бидејќи јас не сум истражен орган“, вели Илиевски. „Имаше реални контакти такви, и на писмено“, вели доктор Жан Митрев – сопственик на клиника Жан Митрев

Реклама

Понатаму доктор Митрев тврди декана заинтересираните за преземање удели во болницата им објаснил дека му биле замрзнати неговата лична сметка и сметката на болницата, а Обвинителството ставило забрана и за продажба на удели.

Па како поткрепа за неговите тврдења го посочува моментот, кога после една недела се случило „чудо“: сметките останале замрзнати, но забраната за продавање удели била симната.

Јас викам, добро, тоа се е во ред. Но имам, покрај тоа што е блокирана болницата имам и забрана да продавам удели. И тогаш настана мала забуна, после точно не знам колку време, дали недела дена, дојде ново решение од обвинителство, можеби е чудно, но дојде ново решение од обвинителство, болницата е блокирана мојата сметка лична е блокирана, а  се ослободува болницата и може да се продаваат удели“, изјави Жан Митрев.

Овие тврдења отвораат сериозни прашања, дали здравствениот систем бил злоупотребуван  за политички и бизнис интереси, дали судските процеси врз клиниката биле користени како средство за притисок  и дали  приватниот сектор бил цел на организирани обиди за преземање.