Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Зачувувањето на мајчиниот јазик е клучно за одржување на нашата културна посебност и идентитет

Кринџ, Бејсик, Хејтер, Хајп. Говорот на младите станува сè понеразбирлив за возрасните.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кринџ, Бејсик, Хејтер, Хајп. Говорот на младите станува сè понеразбирлив за возрасните. Кованици и цели зборови, преземени од други јазици, најчесто од англискиот, стануваат сè поприсутни. Според експертите, ова е проблем на кој треба да се посвети сериозно внимание.

„Проблем е ако децата од рана училишна и предучилишна возраст почнуваат да учат прво англиски, па потоа македонски јазик. Тоа се одразува на нивниот говор. Децата треба прво да го научат официјалниот стандарден јазик на државата, па потоа сите други јазици“ вели Татјана Алексиќ, професор

Објаснување на термините:

Реклама
  • Кринџ – Термин кој се користи за ситуации што предизвикуваат чувство на срам и нелагодност, често субјективно.

  • Бејсик
    – Означува стереотипни и предвидливи личности, но најчесто нема негативен контекст.

  • Хејтер – Се користи за лица кои не можат да се радуваат на успесите на другите и постојано посочуваат недостатоци.

  • Хајп – Има значење на позитивна возбуда, расположеност.

Учењето и негувањето на мајчиниот јазик, според експертите, е обврска на сите: од семејството, преку образовните институции, па до државата. Посебно во најраната возраст, кога се создаваат навиките за читање и комуникација.

„Важно е децата прво да читаат македонска литература, а потоа странска. Колку повеќе јазици знаеш, толку повеќе вредиш, но приоритет треба да му се даде на македонскиот јазик во најраната возраст“ вели Татјана Алексиќ, професор

Професорката посочува и дека форсирањето на двојазичноста може да му наштети на македонскиот јазик.

„Она што мене лично ми пречи е двојазичноста, која со текот на времето може да го потисне македонскиот јазик. Да не зборуваме за потребата да го потврдуваме постоењето на македонскиот јазик како официјален од 1945 година – тоа е недозволиво“ вели Татјана Алексиќ, професор

Експертите децидни – македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет и културна посебност. Во свет на глобализација, неговото зачувување е обврска на сите, познавањето странски јазици е предност, но македонскиот мора да остане приоритет, бидејќи без јазикот, го губиме и идентитетот.

Давид Крстевски