Реклама
Прилози

Зачестени нападите врз полицајците, само една третина од „тепачите“ завршуваат во затвор

Eдна третина од оние кои „кренале рака“ на државата, завршуваат зад решетки.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Eдна третина од оние кои „кренале рака“ на државата, завршуваат зад решетки. Останатите добиваат условна казна, а понекогаш и парична. Истражувањето на Алфа покажува дека во Македонија, пракса низ годините е дека државата трпи насилства врз себе – бидејќи тоа по дефиниција се нападите врз службени лица.

Бројките од истражните институции,„напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ – што ги брои нападите главно врз полициските службеници и инспектори, варираат, но генерално се движат помеѓу 100 и 200 кривични дела.

Статистиката на МВР бележи 185 пријави за 226 сторители во 2024 година додека во 2025 година регистрирани се нешто помалку пријави и осомничени напаѓачи.

Реклама

Во 2024 година регистрирани се 185 кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ за кои се пријавени 226 сторители, додека за периодот од јануари до ноември 2025 година, регистрирани се 145 кривични дела за кои се регистрирани 169 сторители“, велат од МВР.

Од 2017та, пак, досега, вкупно имало 1318 случаи за напад врз службени лица кои вршеле работи од безбедноста, односно вкупно 1574 сторители на ова кривично дело. Најмногу се регистрирани во 2024 година.

ТЕЛОП – Напад на службено лице според податоците на МВР

  • 2017 – 127 кривични дела – 153 сторители
  • 2018 – 140 кривични дела – 179 сторители
  • 2019 – 144 кривични дела – 163 сторители
  • 2020 – 156 кривични дела – 195 сторители
  • 2021 – 172 кривични дела – 199 сторители
  • 2022 – 148 кривични дела – 166 сторители
  • 2023 – 101 кривични дела – 124 сторители
  • 2024 – 185 кривични дела – 226 сторители
  • 2025 – 145 кривични дела – 169 сторители

Од Обвинителството велат дека за секоја кривична пријава која стигнува до нив се отвора предмети, а потоа се носи и јавнообвинителска одлука дали ќе продолжи во суд. Поради доказите, обвинителите тврдат дека често напаѓачите признаваат вина што ја скратува целата постапка.

Голем дел од предметите завршуваат со признание на вина, пред се поради брзината на реакцијата и прибавените докази. Иако аспект на обвинителството во одредени случаи може да се смета дека изречените санкции биле преблаги, за што надлежните обвинители вложиле и соодветни жалби, сепак охрабрува тоа што во последниот период се зголемува бројот на предмети во кои покрај условната осуда се изрекува и пробациска мерка на заштитен надзор, со која дополнително се врши надзор и контрола над натамошното однесување на сторителот“, велат од Обвинителство.

Ако се направи споредба на податоците кои ги добивме пак од судот, со првостепена пресуда во 2025 завршиле 50 предмети, додека годината претходно, 37. Или неколку пати помалку од поднесените кривични од МВР. Судиите изрекле двојно повеќе условни казни отколку затворски.

ТЕЛОП ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ

Податоци  за 2024 година

21 – Условни казни

10 – Казни затвор

Податоци  за 2025 година

25 – Условни казни

14 – Казни затвор

Изречените затворски казни се движат од неколку месеци па се до пет години. Условните, се со услов од една до пет години затвор, а биле изречени и алтернативни односно условна со заштитен надзор  задолжително психијатриско, лекување  на алкохоличари и наркомани.

Законското решение, во зависност од повредата која ќе му биде нанесена на службеното лице, предвидува затвор и до десет години. Но, сепак има простор за заострување на санкцијата за никој да не се осуди да крене рака на службеник што значи напад и на државата, вели поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески.

Eден од најпознатите примери, кој гласно одекна во јавноста беше оној кога, полицајката Јасмина Јаначковска, во 2018та беше нападната од функционерот на ДУИ, Беќир Асани, на кого заедно со пајак службата, му го отстраниле непрописно паркираното возило. Но, таа подоцна ја промени изјавата, велејќи дека самата се удрила од специјалното „пајак возило“, а тогашниот министер Оливер Спасовски и додели признание за професионлано постапување.