Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Економија

Забот на времето го „јаде“ манастирот во Курбиново

Кој не слушнал или кој повеќе или помалку не знае за манастирот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој не слушнал или кој повеќе или помалку не знае за манастирот “Свети Ѓорги “ во преспанското село Курбиново, вгнезден во утробите на Баба планина на 1. 100 метри надморска висина? Последниве пет децени, откако започна неговата вистинска валоризација со значењето и вонвременската уметност на фраскоживописот изработен на крајот од 12. век, се нарекува светски бисер на средновековната византиска уметност и наше неизмерно културно богатство. Но, колку се грижиме за него? Екипата АЛФА ТВ, деновиве го посети ова духовно светилиште и се соочи со една атмосфера на запуштеност и зачмаеност поради неколкугодишно запирање на конзерваторско- реставраторските работи врз објектот од надвор, но и на внатрешниот дел, каде што се наоѓа она највредното- фрескоживописот. Не дочекаа само скелињата, а нашиот домакин Митко Ристевски од Курбиново чија фамилија четири децении се грижи за ова светилиште, беше видно вознемирен и разочаран поради инертноста на институциите кои, како што рече, манстирот го препуштаат на забот на времето.

-Останавме само ние да се грижиме за овој историски споменик, бидејќи најверојатно почнаа црквата и државата да креваат раце од овој манстир, што за жал, е еден од најскапите и најзначајните културни споменици, не само во Македонија, туку пошироко во Европа и светот. Меѓутоа, за жал, тоа е тоа и времето на транзицијата многу треа, а овој манстир е оставен на милост и немилост веќе седум години, стиснат меѓу 120 столбови од внатре и од надвор, да опстојува. Нека простат сите, меѓутоа манстирот опстојувал пшовеќе од 800 години, ќе опстојува и понатаму. Сепак, честа на луѓето кои треба да се грижат за него е на многу ниско ниво – рече Митко Ристовски, жител од Курбиново, чија фамилија се грижи за манстирот.

Тука, ставен под клуч и препуштен на себе, пред две години манстирот ќе изгореше, ако навреме не статсаја ренџерите од НП “Пелистер“ да ја сопрат огнената стихија.

Реклама

-Пред две години овде имаше пожар и стигна на 300 метри од манстирот, но за среќа успејавме д аго спречиме – рече Никола Крстановски, ренџер во националниот парк “Пелистер“.

Грижата за манстирот е на националната установа Завод и музеј –Битола од каде што, ја привршуваат техничката документација за заштита и конзрваторско- реставртаорски работи на самиот објект, а во втората фаза во некое подалечно време, на ред ќе дојде највредното- фрескоживописот.

-Процесот на изработна на проектната документација и проектот за конзервација во оваа фаза се однесува на ерхитектурата воопшто не е запрен и се работи интензивно , особено оваа 2019 година. Можам да кажам дека наскоро ќе бид еепилогот. Значи , проектот е во завршна фаза и до крајот на годината или почетокот на наредната година, ќе се завршат сите административни процедури и нареднат година да се почне со работа на терен – рече Д-р Мери Ѓоргиевска, директор на Завод и музеј- Битола.

За жал, вакви ветувања имаше и во 2016 година, но некако волшебно исчезнаа и Курбиново несетно беше ставен во хибернација и препуштен сам да се бори со својата судбина, како и 800 години претходно. За неговото значење и огромните можности за туристичка влоризација, посочуваат и експертите.

-Црквата во Курбиново е една од најзначајните цркви во нашата држава и е бисер на сликарството од 12. Век, редок пример кој што го нема на Балканот и ние можеме само да се гордееме дека ктиторите, оние кои дале пари да се изгради црквата и да се наслика, создале репрезент и врв на европските сликарски достигнувања од крајот на 12. Век. Би апелирал, таквите зафати да бидат завршени поскоро оти сега црквата не може да влезе во некоја посериозна туристичка понуда зашто за време на конзервација, спониците се исклучуваат за туристите – рече професор  Д-р Сашо Коруносвки, експерт византолог.

А за тоа, потребна е и инфраструктура. Патот од селото до манстирот асфалтиран во седумдесеттите години, годинава ветуваа дека ќе го асфалтираат преку Агенцијата за рурален развој, ама се испишманија со она банално оправдување на инстотуциите- ненадлежност.

-Покрај агонијата што се случува околу конзервацијата на манастирот “Свети Ѓорги“ во Курбиново, истото се случува и со патот кој доаѓа до него на 1100 метри. За жал, агонијата тука с есоздаде со неговата трансформација во регионален пат, што значи дека надлежности во некое време и некоја прилика ќе дојдат кај некои други институции, а тие што ветуваа дека годинава ќе биде готов, едноставно го ставија во ад- акта.

Петар Стефановски