Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

За време на изборната кампања и изборниот молк во вториот круг од локалните избори не се констатирани прекршувања од страна на радиодифузерите

За време на изборната кампања и изборниот молк во вториот круг од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на изборната кампања и изборниот молк во вториот круг од локалните избори не биле констатирани прекршувања на Изборниот законик од страна на радиодифузерите. Наодите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги покажале дека телевизиите вложиле напори да обезбедат подробна информираност на гледачите како потенцијални гласачи за изборната кампања, а преку вестите и посебните информативни емисии, да ја претстават пошироката слика за постојниот општествено-политички амбиент во кој се одвивала изборната кампања.

– При медиумското покривање на изборната кампања, медиумите генерално, се придржуваа до професионалните правила за правичност, избалансираност и непристрасност, со почитување на начелото за еднаквост кон преостанатите кандидати за градоначалници. Во однос на обезбедување баланс во дневноинформативните емисии, сите анализирани медиуми, генерално известуваа неутрално за учесниците во изборната кампања. Јавниот радиодифузен сервис и националните телевизии што емитуваа платено политичко рекламирање, ја исполнија законската обврска да информираат на начин прилагоден за лицата со сетилна попреченост преку – едно издание на вестите секој ден и едно издание на актуелно- информативна емисија неделно, информираа денеска од ААВМУ.

Мониторингот на изборното медиумско претставување и овој пат ги опфати трите програмски сервиси на Јавниот радиодифузен сервис: МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал, како и осумте комерцијални национални телевизии: Сител, Алфа, Канал 5, Телма, Алсат-М, Компани 21-М, Шења и 24 Вести. За другите програмски сервиси се постапувало врз основа на претставки.

Реклама

Вкупно 41 радиодифузер односно 22 телевизии и 19 радија, склучиле договори со учесниците во изборната кампања. На сите 22 телевизии заедно биле емитувани вкупно 52 часа 56 минути и 15 секунди платено политичко рекламирање, а на 19-те радија вкупно 47 часа 34 минути и 31 секунда платено политичко рекламирање. Во вториот круг од изборната кампања на телевизиите и радијата биле емитувани вкупно 100 часа 30 минути и 46 секунди ППР.

Од телевизиите, најголем обем рекламно време емитувале Канал 5 (4 часа 53 минути и 36 секунди), Алсат-М (4 часа 43 минути и 19 секунди) и Алфа (4 часа 42 минути и 17 секунди), а од радијата Антена 5 (5 часа 29 минути и 47 секунди) и Канал 77 (2 часа 51 минута и 26 секунди). Радио Метрополис емитувал 53 минути и 5 секунди, а Јон радио не емитувал ППР во вториот круг.