Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Економија

За „Стентон Градба“ нема ништо спорно што добиле милионски тендер на само неколку месеци пред избори

За компанијата „Стентон градба“, која предизборно треба да се опари со цели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За компанијата „Стентон градба“, која предизборно треба да се опари со цели 29 милиони евра државни пари од ТИРЗ, нема ништо спорно што договорот се потпишува во осетлив период, само еден месец пред формирањето на техничката влада. За нив, било нормално и законски јавната набавка да се спроведува на 5 месеци пред избори, бидејќи вакви набавки се спроведувале и ќе се спроведуваат и по техничката влада.

  • „Согласно законските одредби, јавни набавки се добиваат пред и после формирање на техничка влада. Ние ја добивме набавката, и ќе го спроведeме согласно одредби од договорот кој веќе го имаме постигнато со ТИРЗ. За нашата компанија, неосновани се обвинувањата дека на еден месец пред формирање техничка влада ја добивме јавната набавка, која е согласно законските одредби од Законот за јавни набавки, според кој може да се распише и за време на техничката влада“ вели во телефонска изјава за Алфа, управителот на компанијата, Гоце Стојаноски.

Останува отворено прашањето, зошто во зоните на ТИРЗ ќе се градат амбуланта и градинки бидејќи ваква инвестиција воопшто и не беше најавена. Дополнителен сомнеж фрла сумата која за неколку објекти достигнува речиси 30 милиони евра, како и тајмингот, договорот е потпишан на само еден месец пред формирањето на техничката влада. Од ТИРЗ објаснуваат дека овој проект е потребен согласно резултатите од анкетите кои ги спровеле.

Инаку „Стентот Градба„, во име на ТИРЗ треба да изгради амбуланти, сместувачки капацитети, градинки, складишта и паркиралишта во вкупна површина од 31,500 метри квадрати, во зоните во Скопје, Прилеп и Штип.

Реклама

Дирекцијата се обврзала во рок од 60 дена да исплати аванс во вредност од 20% односно речиси 6 милиони евра, а потоа да се плаќаат месечни рати.

Инаку „Стетон градба“ работи на повеќе државни проекти, меѓу кои и изградбата на железничкиот коридор Бељаковце – Крива Паланка, браната во Штипско на реката Отиња, а е и еден од подизведувачите за изградба на автопатите, проект кој го доби „Бехтел и Енка“. „Стентон градба“ е основана пред 20 години во битолското село долно оризари.