Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

За слабиот рејтинг на СДС–мислењето на народот им смета, па посегаат по фалсификати и лаги, за тоа ќе следи тужба

СДС очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со фабрикации на лажни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДС очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со фабрикации на лажни скандали и со фалсификување на документи, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата опозициска партија потенцира дека во СДС се свесни дека колата им е тргната надолу и огромно мнозинство од граѓаните се незадоволни од нивната власт, од криминалот и корупцијата на функционерите, од сиромаштијата и инфлацијата, од тонењето на економијата и животниот стандард.

„И сега виновни им се сите. И ВМРО-ДПМНЕ и националниот сервис и агенциите за испитување на јавното мислење и медиумите и народот. Можеби на СДС му се штелувани и анкетите на ИРИ и НДИ кои покажуваат дека СДС и Пендаровски сериозно губат од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова?! На слабиот партиски рејтинг на СДС, мислењето на народот му смета“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Впрочем јавноста памети дека СДС секогаш кога ќе им загусти посегаат по фалсификати и измислување на скандали. Од лажните бугарски летоци во деведесетите, па преку аферата Фабрика, па потоа со лагата за пасошите до оваа најновата денес манипулација за некакви документи кои кога ги креирале ги погрешиле имињата, погрешиле датуми и фалсификувале потписи.
Очигледно скапо платената црна кампања на Асаф Еисин им дала евтин фаличен фабрикат. За ваквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи“, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.