Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

За секој крводарител по едно шише вино, крводарителска акција во Кавадарци 

Крводарителска акција, реализира денеска кавадаречкиот Црвен крст во соработка со Институтот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крводарителска акција, реализира денеска кавадаречкиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и здруженијата „Жта“ и „Винотек“. Секој крводарител добива и црвено  вино од овие здруженија, во кои членуваат производители на вина и ракии. 

-Црвениот крст што ја покрива територијата на општините Кавадарци и Росоман, за оваа прилика имаше и посебно изненадување за екипата на ИТМ со која имаме прекрасна соработка. Во нашите простории на општо изненадување на сите, дојде познатиот Дедо Мраз, кој на членовите на екипата што ја спроведува акцијата, им подари по едно новогодишно пакетче, рече претседателот на Црвен крст, Димитар Каракулев. 

Секретарката на Општинската организација на оваа хуманитарна организација, Даниела Лазовска изрази благодарност до крводарителите кои спасуваат животи. Таа истакна дека по бројот на крводарувања, континуирано се на врвот во државата. Посака многу среќа за сите во иднина. 

Реклама

Ова е трета ваква заедничка крводарителска акција, беше изразена желба да стане традиција. 

Претседателот на „Жта“, Панче Арсовски рече дека во рамките на предновогодишните празнувања, одлучиле на ваков начин да им се заблагодарат на крводарителите и на екипата на ИТМ. Затоа што, како што нагласи секој човек во животот, може да дојде во ситуација да има потреба од крв.