Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

За пцости и навреди кон шарените револуционери му требале 2 часа- колку време му требало на Заев да удри по цел народ?!

После 2 часа и 17 минути во кафана се случуваат грешки, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 2 часа и 17 минути во кафана се случуваат грешки, се правда лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за објавената „бомба“ каде се слуша како со пцости и погрдни зборови говори за припадниците на „Шарената Револуција“.  Алфа го праша екс премиерот како ќе ги погледне во очи обичните луѓе со чија помош дојде на власт, а тој пак се правда дека не го мислел она што го кажал.

-Секако после 2 саата и 17 минути седење во кафана на слободен разговор се случуваат грешки, сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам. Ниту сум го мислел тоа, ниту сум имал некои непријатности во работењето, напротив имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, изјави Заев.

Се поставува прашањето дали можеби од истиот разговор излегоа и бомбите каде што Заев покрај на шарените, му се наврте на целиот народ. Па од тука се отвора дилемата доколку е тој разговор, колку време му требало на Заев со пцости и навреди да удри по сите луѓе, ако за истото кон оние кои него го поддржуваат му требале 2 часа и 17 минути.

Реклама

-Е*ем ти народ таков. Ако после тоа народот одлучи да гласа за власта, стварно јас не сакам да му бидам ништо на таков народ бе да му е*ам мајката, велеше Заев во разговорот.

Додека оние припадници на „Шарена Револуција“ кои добија функции од Заев, го бранат лидерот на СДСМ, останатите кои секојдневно ги гледавме во првите редови на протестите бараат јавно извинување и оставка од Заев.

Покрај шарените револуционери кои изразуваат револт бидејќи не ја гледаат правдата за која се бореле, револт има и кај обичните граѓаните кои велат дека се излажани од СДСМ.

За „бомбите“ објавени во мај каде екс премиерот го навредува целиот народ, Заев кажа дека бил сниман од Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски. Дали и разговорот каде со пцости и навреди удира по „Шарената револуција“, бил сниман од Верушевски јуниор засега останува непознато.

Матеја Петровски