Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

„За нас трошките, за функционерите европски плати“ – пензионерите незадоволни од покачените пензии

  „Со овие пари може да  купиме само еден килограм овчо сирење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  „Со овие пари може да  купиме само еден килограм овчо сирење и ништо повеќе„- вака дел од пензионерите кои денеска чекаа пред банкоматите го коментираат покачувањето од 5,3% кое го добија со мартовската пензија. Разочарани се, бидејќи најниските пензии се зголемија само од 600 до 800 денари. Велат,воопшто не е доволно, ако се земат во предвид  цените на храната и давачките кои постојано растат.

  „700денари ми е покачувањето. Воопшто не е доволно, за денешни услови тоа е ништо. Со тие пари можам да си купам само 1килограм сирење, ништо повеќе. Не сум израчунал колку ми е покачувањето, но нема повеќе од 1000денари. И тие 1500денари што требаше да ги дадат ги нема уште на сметка„ коментираат пензионерите. .

Околу 40% пензионери во државата земат минимална пензија од 12.500 до 16.000денари. Овие  пари ниту одалеку не ги задоволуват потребите за достоинствен живот на граѓаните од третата доба. Револтот им е уште поголем откако функционерите драстично си ги зголемија своите плати.

Реклама

 „На нас ги дават трошките. Нивните плати си ги качија за 80%, а нашите пензии 5%. Речиси сите пари ми одат за комуналии, лекарства и што ќе остане за јадење. Под 22.000 не смее да биде пензијата. Најмногу пари ми одат за лекарства. Ништо не ми останува. Земам минимална пензија„ велат анкетираните пензионери.

Пензионерите на кои инфлацијата одамна им го изеде мартовското покачување не запираат со протестите, а не се откажуваат и од барањата 5.000 денари линеарно зголемување и 20.000денари минимална пензија. Инаку во државата пензија од 20.000 до 32.000денари земаат само 27,60 % од пензионерите.

Александра Ристевска