Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 За 20% зголемен бројот на новозапишани студенти на УГД – Штип

За 20% повеќе годинава е зголемен бројот на студенти кои се запишале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За 20% повеќе годинава е зголемен бројот на студенти кои се запишале во првиот уписен рок на УГД. Периодот за поднесување на приговори заврши и од  денеска па до среда, бруцошите ќе може да се пријавуваат за индекс, по што ќе се знае и конечниот број на студенти кои се запишале во првиот уписен рок. И годинава најголем беше интересот за студиските програми по Општа и Дентална медицана.

   „Од вкупните бројки до сега, од она што се пријавиле во нашиот систем, може да кажам дека имаме повеќе од 1000 апликации. Споредбено со минатата година тоа е повеќе од 20% пријавени кандидати. Ние сме задоволни и на вториот и трет уписен рок очекуваме да имаме зголемување на бројот на студентите„ изјави проректоротот на УГД, проф.Мишко Џидров.

Во меѓувреме странските студенти кои сакаат да студират на УГД, се во процес на нострификација во Министерството за образование. Тие ќе може да аплицираат во вториот и третиот уписен рок. И годинава има интерес. Освен од Турција, интерес за студирање во Штип, покажале и  млади луѓе од Европа. Пред да се запишат, мора да пологат испит по македонски јазик.

Реклама

   „Ние имаме подготвителна настава за странските студенти. Изучуваат македонски јазик една година и потоа полагаат. По полагањето може да се запишат и на една од студиските програми кои се на македонски јазик. За нив нудиме и студиски програми на англиски јазик. Имаме квоти, ако се запишуваат на студиските програми на македонски тогаш се рангираат со македонските студенти, ако се запишуваат како странци, тоа се дополнителни квоти„ изјави проректорот на УГД, проф.Мишко Џидров.

Вториот уписен рок  на УГД, ќе биде на 4 и 5 септември, а третиот на 17 и 18септември.