Општина Битола акумулира нови предлози и иницијативи за форматирање на буџетот на локалната самоуправа за 2027 година.
На денешната втора форумска сесија, претставници на граѓански организации, институции и поединци активно учествуваат во предлагањето решенија и утврдувањето приоритети.

-Со оваа форумска сесија, како Општина ја потврдуваме својата транспарентност и отчетност, преку отворена дебата за тоа како се планираат и трошат јавните средства. Тенденцијата е да се направи буџет по мерка на граѓаните кој откако ќе ги помине сите административни фази ќе се најде на комисиска расправа, а потоа и да се изгласа од Советот на Општина Битола – посочи Рубин Николоски, модератор на форумот.
По денешната втора сесија, евидентирани се предлози за инвестиции во Старата чаршија, во инфраструктурата, патна инфраструктура и чистење на канали во населени места во Општина Битола, санација на патот за Долно Оризари, патот во Поешево, како и потребата од отворање на Центар за средно образование на лица со попреченост.

