Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Втора меѓународна агробизнис научна конференција во Куманово

Во Занаетчискиот дом во Куманово, од денеска до четври април, се одржува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Занаетчискиот дом во Куманово, од денеска до четври април, се одржува втората меѓународна научна агробизнис конференција „Агромак 2026“, насловена „Локални ресурси и глобални предизвици: интегрирани пристапи кон одржлив рурален развој во ерата на климатските промени“. Конференцијата е продолжение на научно-истражувачкиот процес започнат во Свети Николе.

На конференцијата има 250 учесници, научници, професори, истражувачи и претставници од институции од земјата, регионот и пошироко. Организатор е Комората на органски производители на Македонија, со широка мрежа на соорганизатори меѓу кои универзитети и научни центри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји. Претседателот на Организациониот одбор, Драган Цветковиќ, изјави дека конференцијата има за цел да создаде директна врска меѓу научните сознанија и реалните потреби на терен.

– Имаме повеќе од 250 посетители. Конференцијата трае три дена, денеска е свечениот дел, утре работен, а третиот ден е комбиниран со тркалезна маса и практична посета на потенцијалите за рурален туризам во североисточниот регион. Овој регион се наоѓа на важна точка меѓу два коридора и има значење за целата економија – рече Цветковиќ.

Реклама

Тој посочи дека присуството на претставници од десет туристички организации од Србија е доказ за интересот за прекугранична соработка. За него е важно предизвиците да се претворат во потенцијали, на што најголем придонес има науката.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека министерство активно ќе ги поддржува ваквите иницијативи кои ги поврзуваат знаењето, бизнисот и иновациите.

– Апсолутно даваме поддршка на вакви манифестации кои ги спојуваат бизнисот, знаењето, иновациите и креативноста. Македонија има сериозен потенцијал за развој на рурален, агротуризам и вински туризам и токму таму треба да биде нашиот фокус  -рече Љутков.

Тој најави и конкретни мерки за развој на транзитниот туризам, особено за региони како Куманово.

Веќе распишавме јавна набавка за развој на апликација за транзитен туризам, која ќе се промовира и во Србија. Целта е туристите кои транзитираат да ги откријат природните убавини и потенцијалите од северот до југот на државата. Сите субјекти од Куманово до Гевгелија треба да се вклучат во овој процес. Одзивот ќе зависи и од нивната ангажираност – додаде Љутков.

Заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани нагласи дека ваквите конференции имаат суштинско значење за модернизација на образовниот процес.

Овие конференции ни овозможуваат да слушнеме нови идеи за развој на земјоделството. Министерството континуирано инвестира во средните стручни училишта, особено во земјоделските, бидејќи климатските промени бараат нов пристап. Нашата задача е да создадеме кадар подготвен за пазарот на труд. Работиме на законски измени и воведување повеќе практична настава. Веќе се движиме кон модел каде значителен дел од наставата е практичен-додаде заменик-министерот.

Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, оцени дека конференцијата има регионално значење.

– Македонија отсекогаш била аграрна земја и аграрот треба да се врати на голема врата. Ваквите настани придонесуваат за поврзување на регионот и размена на искуства во справување со климатските предизвици – изјави Ѓорѓиевска.

Претставници од регионот, меѓу кои и научници од Србија, потенцираа дека климатските промени се заеднички проблем кој бара заеднички решенија. Професорот Саша Степанов од Центарот за истражување, наука и едукација од Белград истакна дека главната цел е поврзување на науката со реалниот сектор.

– Најтешко е да се спои науката со практиката. Едно учиме од книги, а друго гледаме на терен. Земјоделците често имаат конкретни решенија. Климатските промени се проблем на цела Европа и ако најразвиените земји тешко се справуваат, тогаш и ние мора да работиме заедно и да превенираме-изјави Степанов.

Во фокусот останува потребата од практични решенија, регионална соработка и инвестирање во образование и иновации како предуслови за одржлив развој на агросекторот.