Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Лишено од слобода лице од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В., за кого од надлежен суд била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на домот, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. 

-На крстосницата за село Бучим, полициските службеници го запреле возилото, при што при извршен преглед биле пронајдени 14.440 евра во различни апоени, за кои М.В. не приложил доказ за нивното потекло. За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицето било задржано во Полициската станица Радовиш – информираат од МВР. 

Реклама

Во текот на вчерашниот ден, М.В. бил изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“. 

Од страна на ОВР Радовиш, по насоки на јавен обвинител, се преземаат дополнителни мерки и активности за утврдување на сите факти и околности и обезбедување докази во врска со сомнението за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ по член 273 од Кривичниот законик.