Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Втор круг локални избори: Кандидатите ја интензивираат кампањата, а во фокусот е Скопје и управувањето со отпадот

Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вториот круг на локални избори ќе се одржи точно за една недела, на 2 ноември. Според податоците на Државната изборна комисија, вториот круг ќе се одржи во 32 општини и Градот Скопје. Противкандидатите за градоначалничките места се очекува оваа недела да ја интензивираат својата кампања со митинзи и средби со граѓаните. 

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе присуствува на маалски митинзи во Брвеница, каде ќе се обрати и кандидатот за градоначалник, Јовица Илиевски, потоа во Скопје во Центар, во Карпош каде ќе се обрати и кандидатот за градоначалник, Сотир Лукровски и во Долно Нерези.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, денеска ќе биде во посета на Општина Аеродром, каде ќе даде изјава за медиумите.

Реклама

Вчера караванот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата одржа мини митинзи во Лозово, Росоман, Демир Капија и Неготино. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа од митинзите апелираше до граѓаните за поголема масовност во вториот круг, со цел да се заокружи бројката од 59 градоначалници во вториот круг и со тоа да се потврди, како што рече, историски најголемата победа во Македонија и да продолжи развојот на државата и општините.

Мицкоски се осврна и на тоа дека на овие избори граѓаните јасно ја изразија својата волја и довербата која ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата каде што во првиот круг освои 33 градоначалници, наспроти три од СДСМ, а тоа е отприлика победа 11 спрема еден, а во втор круг влезе во 26 општини.

Тој истакна дека кандидатката за градоначалник на општина Демир Капија, Наталија Димитриева со поддршката од граѓаните ќе има убедлива победа во вториот круг и општината ќе добие жена за град

Оваа недела се очекува телевизиски дуел меѓу двајцата ривали за Град Скопје – Орце Ѓорѓиевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. Во фокусот на нивната кампања изминатата недела беше отпадот и начинот на негово собирање во главниот град.

Кандидатот за градоначалик од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски смета дека со добра организација во главнот град проблемите можат брзо да се решат и дека во првите 72 часа ќе се спроведе голема акција за чистење на градот, во која ќе бидат вклучени сите општини, јавни претпријатија и општествено одговорни компании.

Мециновиќ, пак, претстави план за решавање на проблемот со отпадот, преку санација и реформа на јавното комунално претпријатие. Тој презентираше иновативно решение за третман на отпадот, кое, според него, веќе се користи во неколку европски градови.

И градоначалниците на неколку скопски општини вчера продолжија со средбите со граѓани. Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Тој на центарци им ги најави клучните проекти за вториот мандат –  модерен дом за стари лица, нова градинка, ограничување на движењето на возилата во Дебар Маало за намалување на сообраќајниот метеж, изградба на две монтажни катни гаражи… Кандидатот за градоначалник од истата партија за Општина Аеродром Александар Трајановски, најави јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес.

Синоќа истече рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, додека за два дена завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември.

Од ДИК информираат и дека во тек е пријавувањето на набљудувачите за вториот круг на изборите. 

ДИК во четвртокот на јавна седница ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив се однесуваат на постапката за утврдување и сумирање резултати од гласањето, а 20 приговори беа за самата постапка за гласање.

Во првиот круг на 19 октомври локалните избори завршија во 43 општини, додека во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде излезноста на гласачите беше една третина од вкупниот број запишани гласачи постапката за избор на градоначалник се повтори и тоа во рок од 60 дена од денот на објавувањето на конечните резултати.