Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Втор ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во општина Илинден

Вториот ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во oпштина Илинден помина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вториот ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во oпштина Илинден помина во духот на литературата, уметноста и младинската креативност, исполнувајќи го Домот на култура „Илинден“ со бројни културни содржини и богата уметничка програма, информираат од локалната самоуправа.

Како што посочуваат, во рамки на традиционалното Литературно матине за деца, беа презентирани најдобрите творби од литературниот награден конкурс на тема „Екскурзија во моето омилено место во светот“. Најуспешните ученици беа наградени со пофалници и пригодни награди, кои им ги додели градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакнувајќи ја важноста од поттикнување на младите генерации кон литературата, творештвото и македонскиот јазик.

Во рамки на манифестацијата беше отворена и ликовна изложба на уметницата Катерина Трајковска, каде посетителите имаа можност да проследат бројни дела претставени преку различни уметнички техники и автентичен ликовен израз.

Реклама

Културната вечер продолжи со настапи на културно-уметнички друштва и танцови клубови од општина Илинден, кои преку музика, игра и традиционални кореографии приредија богата и впечатлива програма. Посебен впечаток кај публиката оставија индивидуалните настапи на учениците од општината, кои со својот талент, енергија и сценски настап придонесоа за уште една успешна културна вечер.

Манифестацијата „Денови на културата 2026“ продолжува и денеска, со централниот настан што ќе се одржи во Домот на култура „Илинден“, каде свое обраќање ќе има покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во рамки на програмата ќе се одржи и поетска вечер посветена на современата македонска родољубива поезија, а вечерта дополнително ќе биде збогатена со настап на македонската музичка уметница Лидија Кочовска.