Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Врие на југот за Македонија – за Мицкоски човеково право, за Грција жестока провокација

“Провокација, жесток национализам, непочитување на Преспанскиот договор” – врие на југот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Провокација, жесток национализам, непочитување на Преспанскиот договор” – врие на југот за враќањето во усна употреба името Македонија. Грција лута и на претседателката и на извесниот мандатар Христијан Мицкоски. Закани за раскинување на Преспанскиот договор и коментари дека провоцирал оти рече „Ќе ја нарекувам мојата земја како што сакам“. Во Грција реагираат и власта и опозицијата. Нови предупредувања стигнаа од грчкиот министер за надворешни работи побара од Македонија и идната влада да го имплементирале целосно Договорот од Преспа и какво било прекршување не можело да се толерира. Уште еден министер во Владата на Мицотакис, оној за здравство –  Адонис Георгиадис се закани дека ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ станел премиер и продолжел со ваквите изјави, нивниот премиер ќе го поништел Договорот од Преспа.  Реагираше и опозициската СИРИЗА – сакале да го потсетат Христијан Мицкоски да го почитувал меѓународното право.

За упатените, овие реакции од Грција се очекувани, бидејќи соседите долго време биле навикнати, официјалните лица во Македонија да ја наведнат главата, да замолчат и само слепо да спроведуваат. Прераната и изнасилена употреба на придавката „Северна“ и во моменти кога била непотребна, ја навикна Грција на слепата послушност. Сега, според експертите конечно Македонија покажала цврст став, и воопшто не го прекршува договорот од Нивици.

Редно време беше да покажеме дека имаме свое јас,бидејќи до сега Македонија имаше предавничка и капитулантска политика. Не е прекршен Договорот од Преспа бидејќи и таму е наведено дека може да се употребува „Македонија“ и придавката „македонски“. Ова се должи на досегашната политика бидејќи ги навикнавме да попуштаме. Клучно во сето ова е што тие кои се повикуваат на Меѓународните договори, не ги почитуваат. Сега реагираат, во време кога наводно биле загрозени некои нивни интереси. Оваа ситуација е резултат на нашето недолично однесување сите овие години – вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Реклама

Не само што Македонија не го прекршува Преспанскиот договор, туку има спроведено и повеќе од тоа што требаше во текот на изминатите години, додека пак Грција, нема речиси ништо – го коментира Никовски односот Скопје-Атина во поглед на преземените обврски на двете земји.

По стапките на Силјановска Давкова, и Христијан Мицкоски цврсто стои на употребата на „Македонија“. И покрај тензиите околу Договоротсо Грција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се залага за меѓусебна соработка и економски врски. Најави дека во скоро време очекува средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Во врска со името на земјава, Мицкоски рече дека во комуникацијата во институциите и меѓу институциите ќе се користи уставното име но како тој ќе ја нарекува државата е негово човеково право и ги повика Грците кои се жалат на прекршување на Преспанскиот договор, да одат до Меѓународниот суд.