Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: Петмина министри-албанци во правдата, но ДУИ го остави албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Љога, од кои последниот заврши во скутот на Али Ахмети. Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправда. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-албанци од тоа време.

Сето ова ја разоткрива ДУИ и нејзината измама до срж. Јавно се преправаат дека се патриоти, во институциите гласаа и потпишуваа против Албанците.

Реклама

Ова е вистината што ги гори. Не им недостигаа позиции. Не им недостигаа гласови. Не им недостигаше време. Само им недостигаше волја. Бидејќи за ДУИ, Албанецот беше вреден само кога носеше гласови и кога служеше за полнење на џебовите на неговата клика.