Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

За време на мандатот на Кренар Лога како министер за правда, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За време на мандатот на Кренар Лога како министер за правда, се достигне врвот на лицемерието, кога во Комисијата за правосудниот испит како заменик-член бил вклучен и Бујар Ахмети, (внукот) синот на братот на Али Ахмети. Значи, не само што власта била во нивни раце, туку и одлучувачките структури. И повторно, ниту еден чекор напред.

Ниту волја. Ниту правда за албанските студенти. Ова повеќе не е прашање на заборав или негрижа. Ова е намерна исклучувачка политика, прикриена со празна патриотска реторика, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Со години, Министерството за правда беше раководено од албански имиња, од Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу, па сè до Кренар Лога. Пет министри. Пет мандати. Пет златни можности да се исправи една отворена неправда кон албанските студенти. И сепак, ништо не се промени.

Реклама

Ова не е само институционален неуспех, ова е намерно потчинување и политичко предавство. Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува оваа горчлива реалност: албанскиот јазик е оставен надвор од еден од најважните професионални процеси. Уште поскандалозно, овој закон е донесен со бадентер, односно со гласовите на самите албански пратеници од Демократската унија за интеграција.

ВРЕДИ не гради врз изговори, туку врз принципи. Бидејќи правилото е едноставно: иглата на компасот треба да се насочи кон вистинската точка. А вистинската точка е правдата, еднаквоста и достоинството на секој албански студент. Времето на оправдувања заврши. Времето на одговорност започна. Студентите албанци ќе го полагаат правосудниот испит на албански јазик.