Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

„Вреди“: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

– По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– По вчерашното одржување на првото судско рочиште против Артан Груби, сè повеќе се отвораат сериозни прашања за тоа што се случувало зад сцената и за обидите овој процес да се затвори преку спогодба со Обвинителството, наведува „Вреди“ во соопштение. 

Наводно, Артан Груби бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството. Да прифати вина, да добие далеку полесна санкција, но и со тоа да стави крај на сите амбиции да го предводи ДУИ.

Според нашите извори, Али Ахмети проценил дека судењето е многу ризично, бидејќи темпераментот на Груби е таков што тој може преку медиумите да го разјадува рејтингот на ДУИ.

Реклама

Груби дури веќе имал договорени интервјуа бидејќи бил уверуван дека нема да има обвинение, па потоа непријатно се изненадил. 

Продолжувањето на мерката куќен притвор е дополнителен притисок за да направи спогодба пред судењето да почне.

Интересен факт е што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се правосудните „играчи“ од времето на Груевски и Мијалков. Ова е сериозен сигнал дека во ДУИ се спушти гардот и се игра со сите оружја.

Останува дилемата зошто не се обезбедува присуството на првиот соработник на Груби, Перпарим Бајрами.

Дали заедно со преквалификацијата на делото му се дава уште една порака на Али Ахмети за сите твои матни игри има контраудар?

Конечно, ниту Бујар Османи не бил многу среќен затоа што на одредени меѓународни адреси му ја прочитале играта зад брифинзите.

Јасно е дека за мафијашкото политбиро во ДУИ допрва доаѓаат тешки денови.