Реклама

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Македонија

ВРЕДИ: Кога вистинските луѓе водат, културата пишува историја

За ВРЕДИ, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики, пишува Влен во соопштение. Со три оркестри, три […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За ВРЕДИ, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики, пишува Влен во соопштение.

Со три оркестри, три хора и повеќе од 200 музичари на сцената, оваа извонредна вечер потврди дека вложувањето во културата, уметноста и талентот е вложување во иднината на државата.

Под раководство на Мустафа Имери, Филхармонијата покажа дека кога на институциите им се дава визија, професионализам и посветеност, тие можат да создаваат настани што ги надминуваат вообичаените културни рамки и стануваат гордост за сите граѓани.

Реклама

Културата и уметноста заземаат важно место во визијата на ВРЕДИ за модерно, европско и развиено општество, каде што талентот се цени, поддржува и промовира како заедничко богатство.