Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВРЕДИ: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?“, 34,5% од анкетираните се изјасниле за ВЛЕН, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Со тоа, ВЛЕН бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател дека граѓаните ја препознаваат потребата од промени и нов пристап во политиката.

Реклама

Ова е пораката што граѓаните ѝ ја испраќаат на ДУИ, која со години преку манипулации и преку прашања оставени нерешени, се обидуваше да ги потцени Албанците.

Анкетата е реализирана на примерок од 1200 испитаници преку директни интервјуа, нудејќи реална слика за актуелното расположение кај албанскиот електорат.

Резултатите покажуваат нов политички тренд и растечка доверба кон ВЛЕН, кој сè повеќе се позиционира како главна алтернатива во албанскиот политички камп.