Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ: Ги продлабочуваме стратешките партнерства во интерес на економскиот развој

Економскиот развој на Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Во таа насока, по повеќе од 12 години, Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економскиот развој на Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Во таа насока, по повеќе од 12 години, Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји.

Во Скопје, заменик-министерката за транспорт и врски од редовите на ВЛЕН, Калтрина Зеколи, го пречека својот колега од Турција, заменик-министерот за транспорт и инфраструктура, г. Dumuş Ünüvar, при што средбата беше заокружена со потпишување на новиот протокол за патен транспорт.

Реклама

Со овој протокол беше договорено зголемување на квотите за дозволи за меѓународен превоз на стоки, како и обезбедување дополнителни дозволи за 2026 година.

Овие одлуки носат директно олеснување за транспортерите и придонесуваат за зголемен проток на стоки и интензивирање на трговската размена меѓу Македонија и Турција.

За ВЛЕН, како дел од Владата, стратешките партнерства не се само дипломатија, туку конкретен инструмент за економски развој, повеќе можности за бизнисите и подобрување на животниот стандард на граѓаните.