Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВРЕДИ: Европскиот фронт на ДУИ се распаѓа

ДУИ ја доживува најголемата политичка ерозија од формирањето на т.н. „Европски фронт“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ ја доживува најголемата политичка ерозија од формирањето на т.н. „Европски фронт“. Две од најзначајните партии што на парламентарните избори беа дел од оваа коалиција, Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) веќе не се со ДУИ,  се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

На 14 август 2025, ДПТ официјално објави дека турската партија ја напушта коалицијата „Европски фронт“ и дека на локалните избори на 19 октомври нема да настапи со ДУИ. Оваа одлука значи дека турската заедница, која во март 2024 година беше вовлечена во фронтот на Али Ахмети, сега се дистанцира и избира свој пат.

Само еден ден подоцна, на 15 август 2025 ДПА јавно соопшти дека преговорите со Али Ахмети пропаднале и дека ДПА нема да настапи заедно со ДУИ, ниту ќе биде дел од било каков заеднички договор. Со тоа, и една од постарите албански политички партии реши да ја напушти сцената на ДУИ.

Реклама

Ова се факти кои покажуваат ДУИ губи поддршка од партиите што ја носеа на парламентарните избори. Веќе е јасно дека ДУИ ниту може да обедини, ниту може да победи.

Од ДУИ бегаат сите кои не се уценети од Али Ахмети, сите кои не сакаат да бидат во друштво на корумпирани политичари и сите кои не сакаат да бидат дел од погрешната политика.

ДУИ одамна го изгуби кредибилитетот кај граѓаните, а сега го губи и меѓу своите партнери. „Европскиот фронт“ кој се продаваше како обединувачка сила, денес е симбол на распад, недоверба и политичка слабост.

ВЛЕН уште еднаш потврдува дека иднината е во чесна политика, отвореност и работа за граѓаните, а не во уцени, корупција и лични интереси.