Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВРЕДИ до ДУИ: Партијата на „Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес

Партијата на „Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на „Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, се вели во соопштението на ВРЕДИ.

Токму оваа политика на агалак беше изградена од Али Ахмети. Со години создаваше поделби меѓу Албанците, ги делеше на послушни и непријатели, ја претвори власта во семејна и партиска привилегија и цело време го фрлаше каменот, па ја криеше раката.

Кога Албанците беа тепани – молчеа. Кога албанските бизниси се палеа – молчеа. Кога албанските момчиња и девојки беа апсени – молчеа. Кога Албанците бараа правда – овие правеа политички пазари.

Реклама

На крајот, отидоа дотаму што дури и студентот го користеа како политичка отскочна даска за перење на образот на ликови како Муса Џафери и Блерим Беџети.

Али Ахмети и Бујар Османи уште не можат да се соземат од поразот во Чаир. Толку многу ги боли што се опседнати со Изет Меџити и се обидуваат да му наштетат со разни конструкции и манипулации. Тој е нивниот најстрашен политички кошмар. Ниту едно избрано или именувано лице од страна на ВЛЕН не може од актуелното криминално раководство на ДУИ-Соравија да се става во било каков коруптивен контекст. Во 22 години власт со СДСМ и ВМРО, Албанците се изнагледаа и изнаслушаа стотици примери за фотељашите на ДУИ кои безобразно си полнеле приватни џебови со народни пари, додека јавно им беше полна устата со лажни приказни за реализирани права на Албанците од Охридскиот рамковен договор.

Колку подолго остануваат во опозиција, толку подобро им е на Албанците.