Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Вреди: Целосен консензус за финалната верзија на реформите во високото образование

На денешната средба со партнерите од владејачката коалиција постигнавме целосна согласност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната средба со партнерите од владејачката коалиција постигнавме целосна согласност за финалната верзија на пакет-законите за реформи во високото образование, значаен чекор кон пофер, поквалитетен и поинклузивен систем, наведува Вреди во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. 

ВЛЕН јасно потенцира дека овие реформи не се само законски измени, туку конкретна заложба за изградба на одржлива и конкурентна академска иднина. Укинувањето на Х-Индексот како основен критериум за избор на академски кадар претставува исправна одлука, која го одразува реалниот контекст и потребата од побалансирано и меритократско вреднување. Како резултат на тоа, ниту еден вработен нема да го изгуби своето работно место. Напротив, ќе се воспостават нови механизми што ќе го поттикнуваат професионалниот развој и напредувањето на академскиот кадар. Универзитетите ќе добијат поголем простор за квалитетен развој и функционална автономија.

Во текот на целиот процес, претставниците на ВЛЕН беа во континуирана комуникација со ректори и професори, обезбедувајќи реалните барања на универзитетите, особено на албанските, директно да се рефлектираат во оваа реформа. Одлуката за рангирањето за организирање на трет циклус на студии да го вршат најдобрите универзитети претставува стандард што го зголемува квалитетот, при што универзитетите на албански јазик ќе бидат активен и конкурентен дел од овој процес.

Реклама

ВЛЕН гарантира дека со овој закон универзитетите на албански јазик, не само што нема да бидат оштетени или маргинализирани, туку ќе бидат поставени во рамноправна и достоинствена позиција со сите други високообразовни институции во државата.

Конкретен пример за тоа е и историската инвестиција од околу 40 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Нашата цел е јасна – универзитетите на албански јазик да бидат во првите редови, зајакнати и конкурентни на национално и на меѓународно ниво.