Реклама

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Македонија

„Вреди“: „Безбеден град“ е закон за животот, а не за казни

Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот „Безбеден град“ е прашање на јавна безбедност, на заштита на животите на граѓаните и на воспоставување ред во сообраќајот. Кога зборуваме за „Безбеден град“, не зборуваме за камери или казни, туку за човечки животи. За побезбедни патишта, каде што никој не го губи својот татко, син или сестра поради туѓа неодговорност, се наведува во соопштението од „Вреди“.

За „Вреди“, човечкиот живот нема цена и не може да се релативизира со политички пресметки или дневни интереси. Затоа законот за имплементација на системот „Безбеден град“ сега влегува во собраниска процедура како неопходен чекор кон зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на граѓаните.

Во исто време, сакаме јасно да нагласиме дека секој акт што ќе го издаде Министерството за внатрешни работи, без оглед на начинот на поднесување, ќе биде подготвен и доставен на јазикот утврден со Законот и Уставот гарантирајќи целосно почитување на јазичните права на граѓаните, вклучително и на албанскиот јазик.

Реклама

„Вреди“ ги повикува народните пратеници да го видат овој закон надвор од дневната политика и да гласаат за граѓаните, за нивната безбедност и за животот бидејќи безбедните патишта се заедничка одговорност и општ општествен интерес.

„Вреди“ за заштитен живот, ред на патиштата и функционална држава.