Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија. Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на „Вреди“. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија. Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на „Вреди“. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци, се вели во реакцијата на „Вреди“ на денешното соопштение од ДУИ.

Ја потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата.

Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите.

Реклама

Со заминувањето на ДУИ од власта, престана масовната корупција и започна работата. Затоа оваа Влада го гради автопатот Скопје-Блаце, интензивно работи на Коридорот 8, го гради кампусот на УНТ, Болницата во Кичево и Болницата во Тетово, како и инвестира во основната инфраструктура во општините. Не сме биле сиромашни, сме биле ограбувани!