Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Вработувања среде пандемија? Опозицијата обвинува, власта се правда

Во време на пандемија кога Заев предлага намалување на платите на административците,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на пандемија кога Заев предлага намалување на платите на административците, власта вработува нови лица, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на опозицијата вели дека доколку власта навистина сака солидарност треба да го повлече предлогот за драстично кратење на плати на работниците, и да се откажат од функционерските плати и да работат бесплатно додека трае кризата.

Во исто време кога Заев им порачува на работниците да “стиснат заби” затоа ќе се кратат плати, во општината каде се власт Гази Баба обезбедуваат 15 милиони денари за нови привремени партиски вработувања. Каква е таа солидарност кога на стопанството му велите да се стрпи, во исто време удирате по работниците и кратите плати, а од друга страна вработувате нови партиски кадри, пишува Мицксоки на Фејсбук.

Од опозициската партија велат дека во време кога целиот свет се бори против КОВИД19, ние мора да се бориме дополнително со уште една епидемија – епидемија на партиските вработувања на СДСМ во администрацијата, обвинуваат од партијата.

Реклама

Само последните неколку денови се склучени 65 договори со Агенции за привремени вработувања, кои од буџетот на државата ќе потрошат милиони евра, велат од опозицијата.

65 институции потпишуваат нови договори за да се вработат нови луѓе, од каде потребата за тоа? Зошто се трошат 15 милиони денари во општина Гази Баба и 11 милиони денари во општина Ѓорче Петров, велиме дека мора да се скратат платите а денеска имаме многу нови договори?, вели Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Дамјан Манчевски вели дека предлогот на СДСМ за подобрување на економската состојба опфаќал и намалување на платите на функционерите и членовите на управните одбори.

Оние членови во одбори, ако се вработени нема да земаат приход од членството во одборот, а трета по ред е администрацијата. Има и друга варијтнта- кратењето на платите се надеваме би била времена мерка, ако излеземе од кризава брзо, можеме да направиме поврат на овие пари што ќе се скаратат во следните месеци. Прво велиме кратење на платите на функционерите, а потоа велиме солидаронст. За да се платат даноците, граѓаните да можат да платат даноци мора да ни функционира приватниот сектор.

Инаку претседателот на СДСМ даде предлог да бидат намалени платите на вроботените на јавната администрација, односно да земаат плата  14,500 денари.

Мери Ѓорѓиевска