Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Возачот кој го прегази Југослав Николовски призна вина за сообраќајката

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возачот на мотоцикл кој на 1 јули годинава на пешачка патека на кејот на Вардар го прегази 68 годишниот Југослав Николовски призна вина за сообраќајката, но не и за делот дека не укажал помош по несреќата.

  • „Се чувствувам виновен за сообраќајката, што не би сакал на никој да се случи тоа. Големо сочувство за фамилијата. Да можам да сменам нешто, би направил. За давање помош, сум давал помош. Да има камери таму…  Кажувам дека сум давал помош на покојникот и не се чувствувам виновен за тоа,“ изјави Нури.

Пресуда е има за две недели, а судењето за укажување помош ќе продолжи на 11 ноември.-

  • „Обвинетиот иако Дедо Љубе лежел облеан во крв, по несреќата го оставил мотоциклот и го напуштил местото на несреќата. Сопатникот на мотоциклот, иако повреден, покажал доблест и останал на местото додека да дојде увидната екипа“, изјави обвинителката.

Семејството на починатиот Југослав Николовски најави барање на оштета, додека сопатникот на моторот, рече дека не бара обештетување и  се откажува од кривичен прогон на обвинетиот.

Реклама
  • „Фамилијата е доста вознемирена, не би сакале да даваме изјави. Судењата ќе продолжат, се надеваме дека правдата во Македонија ќе функционира и некој што направил вакво дело, дело кое не може да се прости. Човек да оди да фрли ѓубре и на пешачка патека на кеј да го прегази мотор и избега, немаме коментар. Се надеваме дека правда ќе има “ рече Бојан Бошковски – член на семејството.

Фатон Нури возел мотоцикл „Кавасаки“ без регистарска табличка и без возачка дозвола , по пешачката патека покрај зграда на улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“ каде го удрил Николовски кој од тешките повреди починал следниот ден. Според обвинението наместо да укаже помош, Нури го оставил моторот и пеш го напуштил местото.