Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Свет

Трамп и Харис согласни дека најголем американски конкурент е Кина

Двајцата претседателски кандидати имаат различни видувања за неколку теми, но Камала Харис и Доналд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајцата претседателски кандидати имаат различни видувања за неколку теми, но Камала Харис и Доналд Трамп и двајцата се согласни за едно прашање: заканата од Кина.

Роберт О’Брајан служеше како советник за национална безбедност за време на администрацијата на Трамп.

„Мислам дека заканата со која се соочуваме од Кина е многу посериозна отколку таа со Советскиот Сојуз во Студената војна“, вели О’Брајан.

Реклама

О’Брајан вели дека САД треба да се справат со Кина преку демонстрација на сила.

„Тоа не е само воена сила. Тоа е економска сила. Тоа е дипломатска сила. Тоа е мека моќ и културна сила. Тоа е она што ги плаши нашите противници“, додава тој.

Што се однесува до економијата, и администрациите на Трамп и Бајден користеа царини за да се спротивстават на она што тие го опишуваат како Кина продава евтини производи во странство, што ја прави конкуренцијата тешка за американските бизниси.

„Кина ќе го преземе целиот ваш бизнис поради електричните автомобили и поради евтините материјали. Ние не“, рече Трамп.

Трамп предлага царини до 60 отсто за кинескиот увоз. Харис, исто така, ја признава американско-кинеската конкуренција.

„Ќе се погрижам да го водиме светот во иднината на вселената и вештачката интелигенција. Америка, а не Кина, ќе победи на натпреварот“, рече Харис.

„Таа поддржа некои од ограничувањата во трговијата што ги поддржа и администрацијата на Бајден. Но, таа сигурно не е таква личност“, вели Џереми Сури од Универзитот во Тексас.

Аналитичарите велат дека Трамп е повеќе посветен на тоа.

„Веројатно мојот прв повик, ќе го повикам претседателот Шји Џјинпинг и ќе му кажам: „Морате да го почитувате договорот што го направивте. Склучивме договор за да купите американски земјоделски производи во вредност од 50 милијарди долари“, и ви гарантирам, тој ќе го направи тоа“, вели Трамп.

Во областа на надворешната политика, О’Брајан вели дека е важно да се градат сојузи со истомисленици.

„Имаше време кога Америка можеше сама да го преземе товарот. Не можеме повеќе сами“, вели О’Брајан.

Еден експерт вели дека Трамп се одвоил од традиционалната републиканска надворешна политика за воспоставување силни сојузи.

„Трамп едноставно не е заинтѕересиран за сојузништва туку повеќе за самите нас“, вели Ричард Мареј, од Универзитетот во Хјустон.

Со зголемената изборна реторика поради кинеската конкуренција и безбедносните закани, некои Американци стравуваат дека вистинските губитници може да бидат Азиските Американци и Кинезите кои живеат во САД, вели Стивен Пеи, кој емигрирал во САД од Тајван и работи како универзитетски професор.

„Тие сметаат дека САД се соочуваат со закана, закана на цело општество од Кина. Тогаш е потребен одговор на целото општество за да се справи со оваа закана: од фабриките, студентите, истражувачите од Кина. Ќе бидам етикетиран затоа што луѓето не можат да кажат, дали сум од Тајван или од Кина или пак, од Кореја?“, вели емигрантот од Тајван, Стивен Пеи.

Со реториката на Трамп, некои Азиски Американци се загрижени за зголеменото антикинеско расположение доколку тој биде избран, но азиско-американските републиканци велат дека се надеваат дека Трамп, бидејќи е бизнисмен, може да направи договор со Кина од кој ќе имаат корист сите во Америка.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон