Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

VOA за Алфа: Новите имиграциски правила кои беа воведени неделава предвидуваат замрзнување на издавањето на работни и на студентски визи во САД

Новите имиграциски правила кои беа воведени неделава предвидуваат замрзнување на издавањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новите имиграциски правила кои беа воведени неделава предвидуваат замрзнување на издавањето на работни и на студентски визи, но според нив земјата ќе мора да ја напуштат и меѓународните студенти кои веќе се во Соединетите Држави доколку имаат само онлајн предавања.

Околу еден милион студенти од странство веројатно ќе мора да ги напуштат Соединетите Држави. Ова го предвидуваат новите имиграциски правила кои беа воведени поради пандемијата.

„Не сакам да го ставам моето семејство под ризик. Не сакам да се ставам себе си под ризик и да патувам за време на пандемија и да се вратам во Пакистан. Дури и да ја одложам програмата за една година, нема гаранција дека повторно ќе добијам виза“ – вели Моиз Рехан, студент од странство.

Реклама

Ваквата мерка беше донесена откако универзитетите на почетокот на март започнаа со предавања од далечина. Тогаш странските студенти беа пред одлука – дали да останат овде или да се вратат дома.

„Повеќе од 90% од студентите, меѓународните студенти кои беа во САД кога започна Ковид-19 и кога беа затворени кампусите одлучија да останат во Соединетите Држави. Ова ги поремети нивните животи и предизвикува несигурност, тоа не е во ред“ вели Лин Паскерала, Американска асоцијација на колеџи и универзитети

Оние, пак, кои беа надвор од земјата велат дека новите правила ги пореметија нивните планови за враќање.

„Со сигурност можам да кажам дека меѓународните студенти, кога станува збор за правила, правилници, закони и слично се третирани како граѓани од втор ред, ако воопшто можам и да го употребам зборот граѓани зашто прават да ни биде јасно дека не сме тоа“ – вели Рафаел Лима, студент од странство

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека новите правила зборуваат самите за себе и дека за онлајн настава не е потребна виза. Но, критичарите велат дека одлуката ќе има негативно влијание на американското образование, економија и дипломатија.

„Не изгледа дека ова има основа. Нема да ги заштити здравјето и безбедноста на луѓето. Нема да и помогне на американската економија на никој начин особено ако се земе предвид дека приходи од 40 милијарди долари доаѓаат од меѓународните студенти и 5.5% од запишаните на колеџите и универзитетите се меѓународни студенти“ – вели Лин Паскерала, Американска асоцијација на колеџи и универзитети.

Харвард и МИТ веќе поднесоа тужби против новите правила, а се очекува и други универзитети да го следат нивниот пример.

Новите правила ги опфаќаат и иселеничките и работните визи. Нивното издавање е замрзнато па многумина кои веќе се во САД се во неизвесност дали тие ќе им бидат продолжени по нивното истекување.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.