Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во завршна фаза реконструкцијата на музичкото училиште „Панче Пешев“ Куманово

Реконструкцијата на музичкото училиште „Панче Пешев“ во Куманово е во завршна фаза,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкцијата на музичкото училиште „Панче Пешев“ во Куманово е во завршна фаза, соопшти денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Градежните активности опфатија реконструкција на покривот, поставување нова енергетско-ефикасна фасада, замена на прозорците со нови ПВЦ прозорци и поставување нова влезна врата. Предвидени се и внатрешно варосување и поставување нов хидрантски систем.

Реконструкцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Кралството Шведска и Општина Куманово, а имплементиран од УНДП, со фокус на подобрување на квалитетот на воздухот и унапредување на енергетската ефикасност.

Работите започнаа во мај годинава, а поради реконструкцијата учениците, со одлука на Советот на Општина Куманово, наставата ја следат во просториите на ООУ „Вук Караџиќ“. Објектот на музичкото училиште добива нов изглед и подобри услови за работа и престој на учениците и наставниот кадар. Училиштето целосно се реконструира за првпат од неговата изградба во 1946 година.