Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Во Загреб ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на уметницата Жанета Вангели

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб денеска ќе биде отворена изложбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб денеска ќе биде отворена изложбата „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели.

Вангели, родена во 1963 година во Битола, дипломирала на прочуената Städelschule во Франкфурт, една од најреномираните европски академии за современа уметност. Таа е редовна професорка на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а нејзината уметничка кариера вклучува учества на значајни меѓународни манифестации, меѓу кои и Венецијанското биенале, како и бројни музејски поставки ширум Европа и светот.

Организаторите информираат дека изложбата „Архивски документи“ претставува ново авторско истражување на Вангели, чија работа е препознатлива по концептуален пристап, силен визуелен јазик и критичка ангажираност.