Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Во време на епидемија од голема кашлица, предходното раководство воИнститутот за јавно здравје ја остави државата без реагенси

о време на епидемија, кога расте бројот на заразени од голема кашлица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

о време на епидемија, кога расте бројот на заразени од голема кашлица државата е оставена без реагенси за тестирање од оваа болест. Претходното раководство на Институтот за јавно здравје, без ни малку совест ја оставило установата без доволен број реагенси, обелоденува за Алфа новата директорка, Марија Андоновска. Ситуацијата сега е загрижувачка оти е прогласена епидемија, и повторно се појавуваат случаи на голема кашлица, а институтот на располагање има уште мал број од неопходните реагенси. Новата директорка бара одговорност  и одговори од претходното раководство кој и зошто ги довел граѓаните во ваква загрижувачка ситуација

Микробиолошката лабораторија има утврдено дека нема реагенси за тестирање на голема кашлица, останат е многу мал број, побарав одговорност од минатото раководство и од сите оние кои практично ги довеле граѓаните во ваква состојба, вели Андоновска.

Во изминатите четири дена како е на раководната позиција, Андоновска работела на утврдување на фактичката состојба во која се наоѓа институтот, па открила дека покрај реагенсите за тестирање на голема кашлица, недостасуваат и друг тип.  Новиот менаџмент сега работи на итно набавување на реагенси и ги разгледува сите можности како  граѓаните да не бидат оштетени. Доколку мора да се распише нов тендер, постапката би траела повеќе од еден месец

Реклама

Ние ќе ги разгледаме сите можности за набавка на реагенси…ќе се фокусираме првично на реагенсите за голема кашлица и како што споменав ќе го разгледаме сите можности … Јас во овој момент ја информирам јавноста, надлежните институции се тие кои треба да поведат постапка зошто и кој ги довел граѓаните во ваква состојба додава Андоновска

Инаку, според последните податоци од Институтот за јавно здравје од 19 – 25 јули има 25 нови случаи на голема кашлица, од кои 11 во Скопје, 6 во Куманово, 4 во Тетово, 2 во Битола и по еден во Велес и во Кичево. Заклучно со 25 јули во Македонија има вкупно 956 случаи на голема кашлица од кои 714 се во Скопје.