Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Во Велес хуманитарен концерт за поддршка на лицата со попреченост

Оперскиот хуманитарен гала концерт закажан за вечерва во 19 часот во теaтарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оперскиот хуманитарен гала концерт закажан за вечерва во 19 часот во теaтарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес ќе го означи почеток на кампањата „Заедно за нов дом“ која ќе се спроведува во текот на 2026 година и ќе овозможи запознавање со услугата „Живеење со поддршка“ и зголемување на капацитетите на истата, преку оформување на четири мали нови групни домови.

Концертот го организира Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес што е овластен и лиценциран давател на услугата „Живеење со поддршка“ а кој веќе има отворено мали групни домови за лица со попреченост во Велес и Градско.

Во магична предновогодишна атмосфера на класична музиката, на хуманитарниот концерт за поддршка на лицата со попреченост ќе настапат македонските оперски пејачи Вероника Караколева – сопран придружувана од Фросина Џини – пијанистка, Полина Тасева – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, Влатко Груевски – тенор, Дарко Тодоровски – бас баритон  во придружба на Андреј Наунов – пијанист/ диригент.

Реклама

Далиборка Златева претседател на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес, а кое е овластен и лиценциран давател на услугата „Живеење со поддршка, ги поканува сите хумани луѓе заедно да ја споделат моќта на музиката и хуманоста и да придонесат кон подобар и подостоинствен живот за оние на кои поддршката им е најпотребна.

-Со настапот на македонските врвни уметници и нивните изведби тие придонесуваат оваа вечер да биде исполнета со благородна цел затоашто целосниот приход од влезниците од концертот е наменет за поддршка на лицата со попреченост, корисници на социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“. Оваа услуга обезбедува независно живеење на корисниците во станбени единици со 24 часовна поддршка од страна на стручни лица и негуватели за поддржано живеење. Тимот им обезбедува остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот, социјализација и интеграција во општеството, појасни Златева.

Донациските влезници за настанот, по цена од илјада денари, ќе можат да се набават на билетарата на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Исто така, ќе можат да се купат и од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, со уплата на нивната Трансакциска сметка: 290 000027359871 Банка: ТТК банка и цел на уплата: „Донациски влезници за хуманитарна оперска гала вечер“.