Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Во Велес гласаат 69 болни и немоќни лица

Избирачките одбори на ОИК Велес денеска ќе ги посетат домовите на 69…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избирачките одбори на ОИК Велес денеска ќе ги посетат домовите на 69 болни и немоќни  граѓани, а кои припаѓаат на 33 избирачки места. Гласањето на овие наши сограѓани е во рамките на првиот круг од осмите Локални избори 2025. Како што информира Ребека Бајдевска Ѓошева од ОИК Велес, избирачките одбори денеска според правилата дошле во ОИК  ги подигнале избирачките материјали и се упатиле на терен.

Таа појасни дека  68 од 69 болни и немоќни  лица кои денеска ќе го остварат своето граѓанско право да гласаат, се од градот, а само едно лице е од велешката приградска населба Превалец.

Воедно информира дека денеска во земјава гласаат и лица кои се на отслужување мерка куќен притвор, но и  дека во ОИК Велес немало пријавено такви илица.

Реклама

Од ОИК Велес, информираат дека денеска според правилата, гласаат и  лица во велешкиот затвор. како и лица кои се сместени вон семејни установи  во земјава.

Инаку на територијата на Општина Велес, во избирачкиот список се запишани вкупно 44 850 гласачи кои утре ќе гласат на 84 избирачки места во Велес и населените места во општината од првиот круг на Локалните избори 2025.

Според правилата, сите избирачки места ќе бидат отворени утре сабајле  во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.